Убавината на едноставноста на жената во 50-те прикажана на Инстаграм профилот @embracingfifty

23 август 2023

Шкотската +50 блогерка Валери, од 2017 година никогаш ја нема бојадисано својата коса и тоа е една од карктеристиките што го прават нејзиниот имиџ препознатлив и специфичен, а притоа за овој пристап добива голема поддршка од нејзината Инстаграм заедница со над половина милион следбеници.

На својот Инстаграм профил @embracingfifty таа секојдневно објавува предлог модни комбинации, во кои ќе се препознаат повеќето жени, независно од нивната возраст, со оглед на тоа што стилот што Валери го преферира е базиран на класика.

Базични и безвременски парчиња, споени во женствени, ненаметливи, а сепак исклучително стилски одмерени комбинации.

Пример кој ни потврдува дека убавината е во едноставноста.

 

Објавено:
23 август 2023
Категорија: 
Sweet 40+