Брендот „Миу Миу“ изминатиов викенд ја презентираше својата ресорт колекција. Хотелот „Ригина“ во Париз беше местото каде што се одржа ревијата, а беше ексклузивна по многу нешта.
Освен колоритните комбинации наменети за современата жена во текот на целиот ден и вечер, тимот на модната куќа одлучи да повика неколку славни дами да ги носат на пистата.
Клои Севињи
Така, во улога на манекенки, покрај Наоми Кембел, Каја Гербер и Адвоа Абоа, се најдоа и Алекса Чанг, Кејт Босворт, Гвендолин Кристи, Клои Севињи, Седи Синк, Роун Бланчард, Џејми Кинг.
Алекса Чанг
Кејт Босвор
Сепак, сето внимание го украде Ума Турман. Актерката го затвори шоуто и ги собра сите пофалби. Сè уште неверојатно згодна и атрактивна, со висина преку 180 см, 48-годишната Турман изгледаше подобро и од професионалните модели.
Токму затоа, сите модни магазини ја споделија веста и го делат истиот впечаток.
Ума носеше фустан, чие здолниште е во сирена крој со леопард принт, додека горниот дел е зелена свилена маичка без ракави, во комбинација со долг мантил, ретро очила за сонце и златни чевли, што совршено ѝ прилега, во што можете да се уверите и во продолжение:
А погледнете ги и останатите:
Џејми Кинг
Седи Синк
Гвендолин Кристи
Роун Бланчард
фото извор: vogue.com; wwd.com; harpersbazaar.com;