(ВИДЕО) Ева Лонгорија покажа како си го бојадисува избелениот корен на косата во домашни услови

5 мај 2020

Факт е дека во овој период кога сите бевме во нашите домови, со цел да го заштитиме своето и здравјето на другите, моравме да се негуваме во домашни услови. А тоа подразбира и бојадисување на косата.

Со истото се соочи и актерката Ева Лонгорија. Да, таа направи совршена реклама за „Лореал“, брендот чие заштитно лице е, но воедно со видеото во кое ги покажува седите влакна, односно корен на косата и притоа истиот самата го бојадисува, направи голем број жени да се препознаат.

„Никогаш во животот не сум имала толку бели влакна“, вели актерката во видеото, посочувајќи дека не е од оние што можат да се прифатат со седа коса.

Воедно, во видеото таа сама ја бојадисува косата, тоа им се допадна на повеќе од 550.000 луѓе, ако го одредуваме допаѓањето по бројките на Инстаграм профилот на Лонгорија. 

Ако не сте го погледнале се уште, сторете го тоа во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) onMay 1, 2020 at 9:01am PDT

 

Објавено:
5 мај 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
8.410 пати