Секогаш гледајте се во огледало пред да излезете, па макар ја носеле и најпроверената комбинација. А ако сакате да играте на сигурна карта, тогаш држете се до овие 10 закони:
1.Шапките се супер, но купувајте ги и носете ги оние за кои сте сигурни дека добро ви стојат. Во спротивно вашиот стајлинг би можел да се нарече уништен.
2.Мажите сакаат спортски активности но навивачките маици и сите оние кои оддаваат порака дека сте член на некој клуб, носете ги таму каде што им е место - на натпревари.
3.Ранците и секакви вреќасти торби не се за секојдневни комбинации.
4.Едни од омилените чанти ви се оние мали кои се носат преку рамо, но нив заборавете ги за на работа.
5.Тесните маици со тенки раменици, кои ги носите како поткошули, не ги носете и како „главна“ маица. Исто така, ако и носите поткошула, жените не сакаат да ја видат.
6. Изразот на V на маица е во ред, но да е примерен. Тој подлабокиот би можел да предизвика реакции, кои нема да ви бидат пријатни.
7. Се одлучивте за шорц? Ја поздравуваме модната храброст, но во ултра куси панталончиња можете да предизвикате негодување кај тие што ве гледаат.
8.Кусите панталони, веднаш над колена најдобро им стојат на мажи сериозни летни пригоди. Широки панталони до под колена пак можат да предизвикаат тотална модна катастрофа.
9.Апостолките се нносат само под туш, на плажа и можеби во маало. Понатаму од тоа не доаѓа предвид. За чорапите на отворени сандали не треба ниту да стане збор.
10. Помалку е повеќе. Ги сакате модните додатоци и тоа е во ред. Но, марама околу врат, масовен машки ѓердан, ланец на колк, алка на рака е премногу за една комбинација.