10 начини да ги носите истите кожени куси панталони во лето и наесен!

21 август 2014

Кожените куси панталони дефинитивно се ултимативен летен хит! Покрај тоа што тие се неверојатно удобни, истите се и одлични за комбинирање.

Она што е особено позитивно е тоа што истите куси кожени панталони можете да ги носите и наесен со малку потопли парчиња облека.

Доколку имате проблем да ги комбинирате, во продолжение ви предлагаме вкупно 10 различни начини како истите панталони да ги носите и во лето, но и во текот на есенските месеци.

Ако истите ви се омилено парче од гардеробата и никако не сакате да се одвоите од нив, единственото нешто што треба да го направите е да одберете некое романтично џемперче и чизмички и во истите да уживате и во текот на целата есен.

Погледнете ја галеријата и набавете си едни уште денес, бидејќи истите ќе бидат во тренд уште долго време!

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Тренд