Мантил и капут со нагласена половина на дворедно закопчување, црно класично сако, квалитетен паричник и уште неколку парчиња облека и предмети мора да ги поседувате до 30-та година. Сите жени до одредена возраст треба да си дозволат да инвестираат во квалитетни безвременски парчиња. Некои од нив ќе ви помогнат вашиот стил да биде комплетен, а пак други ќе направат да се чувствувате одлично во сопствената кожа.
Во продолжение ви ги претставуваме 10-те парчиња што треба да ги имате до 30-та година од животот.
Класичен мантил и капут
Овие палта треба да бидат основата од гардеробата на секоја жена. Практични парчиња што изгледаат пред се модерно и отмено. Вашата инвестиција ќе ви биде верна повеќе години, а вие нема да се грижите, зашто тие одговараат на секоја есенско-зимска комбинација.
Квалитетен и модерен куфер
Кога веќе сте возрасна жена, време е да си купите квалитетен куфер и чанта. Сигурно веќе имате листа на дестинации што сакате да ги посетите, затоа „зачинете“ го вашето патување со модерен куфер во кој ќе ја спакувате вашата омилена облека.
Спортска маичка
Никогаш, ама баш никогаш немојте да ја фрлите маичката што сте ја купиле на рок концерт, маица што ве потсетува на студентските денови и слично. Освен што има сентиментална вредност, во неа одлично ќе се чувствувате и на 40. Маичките со принт се секогаш ин, затоа не ја вадите од вашиот гардеробер.
Подарете си нешто
Сигурно има некое парче облека или аксесоар што очајно го посакувате, на пример модерен и скап рачен часовник, брендирани обувки или чанта. Почнете да штедите уште сега и дозволете си го оваа задоволство.
Накит што ве отсликува вас
Кутијата за накит треба да ја збогатите со парче накит кое ќе биде израз на вашиот посебен стил, а притоа ќе има и симболично значење.На пример ѓерданот од вистински бисер е полн погодок.
Класично црно сако
Во својот гардеробер задолжително треба да имате класично црно сако, кое пред се треба да го имате за работен стајлинг, но е одлично и за секој друга официјална прилика.
Луксузни обетки
Како и ѓерданот така и обетките се задолжителни од вашиот изглед. Во зависност од вкусот изберете масивни или минималистички обетки што ќе сјаат на вашите уши.
Секси долна облека
Без оглед на тоа дали сте слободни, во врска или брак, една жена која е на возраст до 30-та треба да има барем еден комплет од квалитетна долна облека. Иако, овие парчиња се сокриени под облеката, тие ќе направат да се чувствувате уникатно во сопствената кожа.
Паричник
Овој аксесоар често е на видело пред многумина, затоа по инвестираните пари за квалитетен паричник не треба да жалите.
Кармин
Време е да ја најдете вашата идеална нијанса на кармин. Секоја жена треба да го пронајде и да го поседува. Вистинскиот кармин секогаш го истакнува најдоброто на вас.