10 работи за машките одела што никој не ви ги кажал

3 јуни 2016

Да се купи убаво машко одело знае понекогаш да биде тешка работа, особено ако не сте тип што сака униформираност. Во продавниците на брендовите за машка облека постојат компетентни луѓе што ќе ви посочат на кои работи да внимавате и што најдобро ви прилега.

Во продавниците во Македонија тоа не е секогаш случај, па затоа во продолжение ви презентираме 20 работи за носењето одела што веруваме никој досега не ви ги кажал.

1.Широчината на вратоврската и широчината на реверите треба да е иста.

 

2. Тенките ревери во моментов се модерни, широките се ретро. Нешто што можете да го видите во серијата Mad Men или пак ако ги гледате фотографиите на родителите од младоста. Затоа, доколку сте млади одете со првата варијанта, а ако сте возрасни, тогаш држете се до втората.

 

3. Пред да седнете, секогаш откопчајте го второто копче на палтото, за кога седите да не се тутка.

 

4.Ако носите елек, последното копче не го закопчувајте.

 

5. Манжетните на ракавите од кошулата треба да ѕиркаат околу 3.5 сантиметри.

 

6. Внимавајте на чорапите. Погрижете се да кога ќе седнете, не ви „ѕирка“ воопшто кожа.

 

7.Вратоврската секогаш треба да е потемна од кошулата.

 

8. Сакото од оделото треба да биде доволно долго, за да го покрие патентот и задникот. Не покусо и не подолго.

 

9. Должината на вратоврската треба да е до појасот на панталоните или малку покуса. Не подолга.

 

10. Марамчето во малото џебче не мора да е исто со вратоврската. Ни по дезен, ни по избор на ткаенина. Напротив. Стручните лица велат дека тоа мало место ви нуди голема слобода во модниот израз.

Објавено:
3 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.564 пати