На почетокот на училишната година целото ваше внимание треба да им го посветите на вашите најмили! На почетокот на највозбудливиот период од годината за вашите дечиња, ние ви предлагаме 10 слатки парчиња што тие ќе ги обожаваат.
Со оглед на тоа што на вториот училишен ден не затекна врнежливо време, слаткото капутче за дожд за вашето малечко е задолжителното парче во кое тоа ќе се чувствува неверојатно удобно и заштитено.
Како и возрасните, и дечињата сакаат да се појават добро подготвени и со обновена гардероба во новата училишна година. Денеска, не само што е лесно да се обнови детската гардероба, туку и понудата на неодоливи парчиња е поголема од кога и да е.
Брендовите како Зара и H & M покрај клучните есенски модели како капутчињата за дожд и слатките мали џемперчиња, ни носат и стилски парчиња како блузички со точки, карирани кошули за вашите мали момчиња или кусите модерни здолништа со срциња како апликација.
Доколку сѐ уште сте во потрага за некои од моделите во кои вашите малечки ќе бидат во тренд, во продолжение во галеријата погледнете некои од највпечатливите и носливи модели меѓу кои се најдоа слатки фармерки со ѕвезди, колоритни панталончиња, мини здолништа и уште неколку други.