Иако се чини дека оваа есен ќе биде студена, тоа не значи дека треба да носиме само панталони и џинс, туку сосема спротивно, шик здолништето во комбинација со џемпер е вистински избор.

Сезонава здолништата се вистински хит без разлика на должината, материјалот од кој се направени и принтот, а девојките ги обожаваат.

Еден од фаворитите оваа сезона се кусите кожени здолништа украсени со впечатливи патенти, копчиња, животински принт и што уште не.

Одлични се бидејќи можете да ги комбинирате со што и да посакате, почнувајќи од топли џемпери во студените денови, палта со машки крој, едноставни блузички и ролки, а што се однесува до чевлите, носете ги со чизми, патики, балетанки...

Бидете храбри и играјте си со принтовите оваа сезона, но одберете и некои неутрални бои како крем, бела и кафена како класици во вашите комбинации.

Објавено:
29 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.622 пати