13-ката и не е така баксузен број

21 ноември 2014

Доколку се уште сте во потрага по идеален фустан накласичен модел, кој ќе може да го облечете оние денови кога инспирацијата ќе биде на завидно ниво, ние ќе ви понудиме 13 модели за шик изглед.

Есенските колекции на модните куќи нудат богат избор на креации, како за дневни, така и вечерни прилики, кои наметнуваат сериозна конотација. Предноста на црната боја е што нуди можност за ефективно комбинирање, со колоритни детали или златни металик, кои се „ин“ сезонава. Одберете ја должината и кројот кој ќе одговара на вашата телесна конституција и блеснете во вистинско светло. Разгледајте ги понудените модели на фустани и одберете го вашиот омилен!

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Тренд