13 начини како да комбинирате црн блејзер

14 октомври 2013

Едноставен, класичен и прилагодлив, црниот блејзер треба да биде задолжително парче во плакарот на секоја жена. Без оглед дали сакате да се облечете лежерно, деловно или ви треба вечерна комбинација, црниот блејзер е опција.

Иако во минатото ова се сметало за исклучиво машко и мажествено парче облека, но во денешно време тоа не е така. Во комбинација со други парчиња облека, соодветната големина и модни додатоци, блејзерот и тек како може да ја истакне женственоста и да се вклопи во сечиј стил.

Во продолжение погледнете како се можете да го комбинирате блејзерот.

2 Не морате да имате тело како Кристина Хендрикс за да ги истакнете облините. Овој модел на белјзер ви го овозможува токму тоа. Со закопчување на средината и шпицовите, во комбинација со темни фармерки, ќе добиете изглед на песочен часовник

Ова е класична црно-бела комбинација, со која нема да згрешите, а можете да ја освежите со модни додатоци. Долгиот црн блејзер ќе ви помогне за витката фигура Ова е класична црно-бела комбинација, со која нема да згрешите, а можете да ја освежите со модни додатоци. Долгиот црн блејзер ќе ви помогне за витката фигура

краток блејзер во комбинација со долго здолниште или фустан ќе  придонесе за женствениот изглед. Особено ако во пределот на рамениците има набори. Но, внимавајте тие да бидат пропорционални со вашето тело, за да не изгледате нескладно краток блејзер во комбинација со долго здолниште или фустан ќе придонесе за женствениот изглед. Особено ако во пределот на рамениците има набори. Но, внимавајте тие да бидат пропорционални со вашето тело, за да не изгледате нескладно

 

Блејзерите не мора секогаш да се тесни, можете слободно да носите и комотни блејзери за шик изглед Блејзерите не мора секогаш да се тесни, можете слободно да носите и комотни блејзери за шик изглед

Едноставен, струкиран и долг блејзер со две копчиња за софистициран изглед. Едноставен, струкиран и долг блејзер со две копчиња за софистициран изглед.

 

Блејзер во комбинација со џинс и туника е одличен избор за лежерна варијанта Блејзер во комбинација со џинс и туника е одличен избор за лежерна варијанта

 

Монохроматски бои за деловен изглед. Темносивите фармерки и црниот строг блејзер, во комбинација со чизми или чевли се одличен избор за деловна пригода Монохроматски бои за деловен изглед. Темносивите фармерки и црниот строг блејзер, во комбинација со чизми или чевли се одличен избор за деловна пригода

Уште една комбинација која може да биде деловна, само што е посмела. Ако работнното место ви го дозволува ова, тогаш воопшто не двоумете се Уште една комбинација која може да биде деловна, само што е посмела. Ако работнното место ви го дозволува ова, тогаш воопшто не двоумете се

Свилен блејзер за свечени и проверени црни комбинации. Кога ќе се одлучите за   ваква комбинација, тогаш одберете и впечатлив герда ( што е и овде случај) да ја разбие монотонијата. Свилен блејзер за свечени и проверени црни комбинации. Кога ќе се одлучите за ваква комбинација, тогаш одберете и впечатлив герда ( што е и овде случај) да ја разбие монотонијата.

Блејзер во комбинација со вечерна тоалета, особено погоден избор за есенските и зимски вечери. Блејзер во комбинација со вечерна тоалета, особено погоден избор за есенските и зимски вечери.

Младешка и шик комбинација на блејзер со коктел фустан. Нема шанси да не бидете забележани Младешка и шик комбинација на блејзер со коктел фустан. Нема шанси да не бидете забележани

За некои овој изглед е премногу машки, но за други навистина секси. Златните синџири и додатоци на блејзерот и панталоните, даваат женственост и шик момент За некои овој изглед е премногу машки, но за други навистина секси. Златните синџири и додатоци на блејзерот и панталоните, даваат женственост и шик момент

 

Иако маица и шорц можеби во прв момент не ви изгледаат привлечно за со блејзер, сепак со соодветни материјали, ова може да биде супер комбинација за вечерно излегување Иако маица и шорц можеби во прв момент не ви изгледаат привлечно за со блејзер, сепак со соодветни материјали, ова може да биде супер комбинација за вечерно излегување

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Тренд