15 комбинации со здолништа за вашиот деловен стајлинг
•
28 февруари 2023
Некаде можеби е задолжителен дрес код, а некаде избор, но во секој случај здолништата секогаш ја даваат онаа посакувана женственост и елеганција во изгледот.
Без разлика дали сте за миди или макси варијанта, дали повеќе сакате боја или неутрални тонови, плисирано и широко или тесно молив здолниште, изборот е навистина голем.
Здолништата можете да ги комбинирате со кошула, блејзер, елегантен џемпер, можете да ги носите со салонки, чизми до глужд, балетанки... што и да одберете ќе добиете тренди look.
За малку да ви го олесниме изборот, подготвивме 15 комбинации со здолништа за вашиот деловен стајлинг.
Фото: Pinterest