20 модели на хеланки за секојдневен комфор
•
10 јануари 2014
Хеланките се незаменливо парче од гардеробата доколку сакате секојдневен комфор. Сепак бидете внимателни! Треба да бидете свесни дека тие не можат да ги заменат класичните панталони или фармерки, а доколку не покриете одредени делови од телото со долга маица, кардиганили џемпер, може да изгледате вулгарно и ефтино. Исто така хеланките се одличен избор доколку решите да ги намалите килограмите и да започнете да водите здрав живот преку спортувањето.
Оваа сезона продажните салони на H&M, Pull & Bear, Зара и Манго имаат богата понуда на хеланки од различен тип. Односно покрај стандардните црни памучни или кожени, се нудат и оние со разни нијанси, принтови и цветни мотиви. Погледнете ја галеријата фотографии и одберете го вашиот модел.