20 модни предлози со одело + патики – Микс од елеганција и удобност

22 март 2022

Тренд од кој немаме намера да се откажеме: комбинација со одело и патики...

Ако ги анализираме генерално трендовите последниве неколку години, веројатно удобноста ќе се издвои како еден од основните критериуми кои имаат свое влијание во диктирањето на модните текови.

Лежерната облека и удобните обувки, особено во периодот на изолација, станаа дел од нашето секојдневие во различен контекст, не само резервирани за слободни викенд активности. Но, и претходно симпатиите кон естетиката која ги спојува пријатното чувство со пријатниот изглед, беа се поизразени дури и во луксузните модни кругови.

Така се наметна една тенденција која е микс меѓу елегантен и лежерен изглед, комбинацијата на одело со патики. Овој спој го гледаме буквално насекаде, од модните писти на најзивиканите модни дизајнери до секојдневната улична мода, поставен во различни стилски димензии.

Веројатно затоа што дводелното одело ја има таа елегантна нота независно како ќе го комбинираме, остана фаворит и оваа сезона, а од друга страна патиките се удобната алтернатива на високите потпетици во секоја ситуација кога истите не се наметнати како дрес код.

Затоа што формулата одело + патики ќе остане моден хит и оваа пролет, издвоивме 20 варијанти како предлог идеи како да ги имплементирате во вашиот пролетен стил.

Објавено:
22 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.115 пати