Дали сте ЗА или Против балетанки? Многу често постои поделено мислење околу овие обувки, па или ги обожувате или воопшто не доаѓаат на ред во вашиот стил.
Но, мора да признаеме дека се прилично често застапени во женскиот плакар, удобни се, а и лесно може да се комбинираат во секојдневни, но дури и во посвечени комбинации.
Ако сте од оние кои имаат дури и по неколку пара балетанки, тогаш ние ќе ве инспирираме како оваа пролетна сезона да ги комбинирате во вашиот имиџ.
Одбравме дури 20 комбинации од спортски и лежерни, преку елегантни и деловни до шик и вечерни, во кои едно заедничко модно парче се токму балетанките.
Важат за едни од омилените обувки на Французинките, а ако се земе предвид дека тие пак се жени кои добро го разбират јазикот на модата, тогаш дури и да не ги обожувате, вреди да направите обид да ги имплементирате во вашиот стил, а да се инспирирате од 20-те нашите предлози во продолжение.
Фото: Пинтерест