Во оваа преодна сезона кога времето е доволно топло за здолништа и фустани, но одлично и за џемпери и стилски палта, потребно е да ги исцрпите сите можни комбинации што не можеме да ги носиме на +40.

И оваа година дамите ги обожаваат слип здолништата како ултимативни стилски парчиња што секоја жена треба да ги има во нејзиниот плакар.

Одлични се за да изгледате супер дамски на работа доколку ги комбинирате со соодветна кошулка или некој подолг џемпер.

Речиси сите слип здолништа се направени од тенок, свилен материјал, па треба да ги комбинирате и со хулахопки доколку пролетниот ден е малку постуден.

Што се однесува до обувките, иако материјалот е лежерен, можете да ги надополните со некој модел на рок чизми, но и високи потпетици и секогаш омилените – рамни чевли.

Женствени и елегантни, овие здолништа ќе ја нагласат вашата фигура, а ќе ја разубават и секоја пролетна комбинација на која допрва ќе ѝ се радуваме.

Објавено:
5 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.547 пати