20 зимски комбинации во бело – секогаш сигурен, а никогаш досаден избор
•
12 јануари 2022
На снежно време му прилегаат топли, зимски комбинации во бело.
Секогаш сигурна, а никогаш досадна варијанта како да се дотерате овој период од годината.
Слоевитото облекување дозволува микс на различни ткаенини, материјали и дезени, така што комотно може да бирате парчиња само во бело, а притоа да добиете разигран и впечатлив изглед.
Комбинациите во бело се соодветни и за деловен изглед, лесно ќе се вклопат и за посвечени поводи, а може да ги носите и во кежуал варијанта, се разбира во зависност од тоа што и како сте комбинирале.
Плетенини со елегантни здолништа, дводелни одела со капути, крзнени детали со лежерни блузони, макси фустани со удобни монтки, се само дел од предлозите што ќе ги сретнете меѓу 20-те наши предлози во продолжение.