30 безвременски комбинации за секој ден од септември
•
29 август 2023
Пред нас е септември, месецот кога многумина од нас започнуваат нов циклус во животното секојдневие, се враќаме во работна рутина по летните одмори, а постепено правиме и транзиција во плакарот од лето во есен.
Затоа најчесто и нашиот избор на комбинации во текот на овој месец е спој меѓу две сезони.
Често се случува да облечеме лесен летен фустан со чизми до глужд или пак да направиме слоевит аутфит во кој ќе вклучиме повеќе парчиња изработени од лесни и пријатни материјали.
Септември е месец и кога ја отвораме сезоната на омилените џинс јакни и елегантните мантили.
Затоа, за 30-те дена во септември направивме избор на комбинации кои се безвременски и кои вклучуваат базични парчиња облека за овој период од годината.
Фото: Пинтерест