Практично, топло, модерно и едно од омилените зимски парчиња во сечиј плакар – плетената ролка.
Базична во нашиот секојдневен стил, топлата и секогаш пријатна за носење, плетената ролка може да ја имплементираме и комбинираме на толку многу начини што никогаш нема да ни здосади.
Предноста е што подеднакво е соодветна и за покежуал секојдневни, но и за поелегантни и деловни аутфити.
Оние подебели, предимензионирани модели, може да ги носите и со ремен околу струк, облечени врз хеланки или џинс. Оние пак поелегантните, припиени модели, може да ги облечете под сако, блејзер или елегантен капут, совршено вклопени во вашите деловни комбинации.
За секогаш да имате идеја плус како да ја комбинирате вашата омилена ролка, издвоивме 30 атрактивни комбинации од уличната мода.
Фото: Пинтерест