На прагот сме на нов и со оглед на температурите, исклучително жежок месец. Поведени токму од летото, топлото време и актуелните трендови, пронајдовме 31 комбинација која би можела да ви послужи како инспирација за месецов што ни претстои.
Ова се нашите предлози, а вие нурнете се во гардероберот и погледнете што од ова би можеле да го искомбинирате:
бел мини фустан со волуменозни ракави

комбинезон со горен дел на врзување и широки ногавици со шлиц

панталони со широки ногавици + топ со голи раменици

широки панталони на ластик + бела маичка на прерамки

мини кошула фустан со карнери и волуменозни ракави

асиметрично здолниште со карнери + топ во иста боја

сатенски панталони со принт + кошула со друг принт

мини памучен фустан со принт + широка тексасна јакна +папучи

тексасен шорц + кошула со карнери

панталони со надворешни џебови + маица на прерамки кои се врзуваат во панделка

макси цветен фустан со гол грб и панделка

панталони со висок струк + маичка со тантела + марама

широк фустан во неонска жолта нијанса

миди фустан со принт и прерамки кои се врзуваат во панделка

шорц + кратка кошула + марама

бел фустан на преклоп со долги ракави

бели панталони + кариран топ со голи раменици + шешир

бело одело со длабоко деколте и ултра широки ногавици

плисирано здолниште + кратка кошула + сандали

комплет од шорц и блејзер + бела маичка

бели ленени панталони + црн топ со шнирање во задниот дел

бело плетено здолниште + бела плетена маичка

широки плисирани панталони + маица со нагласени рамена

тексасно здолниште + кошула со тантела + марама

широки панталони со принт + блузичка на риги

миди здолниште со дворедно закопчување + кратка кошула + шешир

миди молив здолниште со висок струк + маичка на риги

фустан со длабоко V-деколте и карнери

тексас здолниште + кошула со волуменозни ракави

комбинезон со широки миди ногавиц, тенки прерамки и ремен од истиот материјал

спортски кошула-фустан + патики





