4 модели на чанти кои ќе ги носиме оваа есен

26 август 2022

Есенското обновување на гардероберот подразбира и внес на нови модни додатоци кои покрај тоа што ќе бидат одраз на есенското расположение, ќе го надополнат вашиот моден стил на начин кој ќе соодветствува со сезоната.

Покрај практичната примена на чантата, овој моден додаток има моќ да го трансформира изгледот целосно, зависно од стилот на дизајнот. Земајќи го тоа предвид, јасно е зошто чантата се смета за еден од најзначајните модни додатоци.

Модните ревии за есен/зима 2022/2023 веќе ги најавија трендовите за претстојната сезона, па така, ние веќе знаеме што да очекуваме и од светот на чантите. Па, за да ве припремиме за студени есенски денови, ги одвоивме четирите највпечатливи модели на чанти кои оваа есен ќе ги комбинирате со вашите омилени палта, кабаници, кожни јакни, есенски фустани и високи чизми.

Чанти во форма на полумесечина

Високите модни брендови веќе ги претставија своите модели на оваа чанта во претходните колекции и на тој начин создадоа тренд кој веќе можеме да го видиме на полиците на локалните продавници. Чантата во форма на полумесечина е прилагодлив модел кој одговара и на дневни и на вечерни комбинации.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

 

Две чанти во една

Модерни, но и практични, оваа есен носиме две чанти во една. Содржината на чантата можете да ги распоредите на најстилски начин во една помала и една поголема чанта, што дефинитивно ќе го му даде дополнителен необичен акцент на вашиот аутфит.

Фото: Pinterest

 

Крзнени чанти

Крзнените чанти ќе го украдат вниманието на многу девојки кои сакаат да додадат необичен шмек и несекојдневен карактер во своите есенски комбинации.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

XXL тоте торбички

Единствената чанта која ќе одговара на сè, без разлика на тоа тоа за која сезона и прилика станува збор, е дефинитивно тоте торбата. Во зависност од моделот, тоте торбите се совршени за пришетка низ град, за на бранч и кафе со пријателите, за на плажа или на работа. Идеални се за сите денови кога имате напорен распоред.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
26 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
995 пати