Секогаш елегантната Амал Клуни по којзнае кој пат докажа дека е дама со беспрекорен стил појавувајќи се во две исклучително стилски комбинации на конференција за слободата на медиумите во Лондон.
Прекрасната адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни на настанот се појави во целосно бела и црвена комбинација, а и со двете докажа зошто е омилена во модниот свет.
За време на говорот на прес конференцијата таа се појави во целосно бел комбинезон од нејзината омилена дизајнерка Стела Мекартни, комбиниран со тенок црн ремен на половината и секогаш беспрекорна шминка и фризура.
Подеднакво фасцинантно изгледаше и во вториот стајлинг во интензивна црвена боја составен од тесно фустанче до под колената, комбиниран со кусо палто во иста нијанса и високи потпетици во светла боја.
Неодамна, почнаа шпекулации дека бракот на адвокатката со актерот е во криза, но тие успешно ги демантираа истите со луксузниот одмор на езерото Комо и на уште неколку места низ Италија каде сосема очекувано, блесна во подеднакво стилски стајлинзи.
Која комбинација на Амал ви се допаѓа повеќе?
Извор и фото: tportal.hr, profimedia