Барокна мода што уште повеќе ги воздигнува славните дами

10 април 2014

Камерон Диаз во креација на Емилио Пучи Камерон Диаз во креација на Емилио Пучи

Барокната мода може потекнува од 17 век за време на ренесансниот период, но таа направи кам-бек во рамките на моднoтo царството којa  неколку сезони наназад константно се провлекува како основна тема за инспирација на дизајнерите и бреновите. Како и во сите аспекти на општеството и во рамките на модата преку различни уметнички форми, барокот создава драма и возвишеност. Модниот свет го има преземено барокниот стил како инспирација, преточен во впечатливи силуети на облека или храбар принт и апликации. Од година во година и од сезона во сезона барокните креации се најчестиот избор за славните и љубителките на модата, а оние на Емилио Пучи, Марк Џејкобс, Зухаир Мурад и Валентино се изборот за реномирани настани каде треба да се акцентира авторитетот. Во продолжение ќе погледнете неколку софистицирани модели на фустани, носени од Камерон Дијаз, Карен Гилан, Ники Хилтон и други. Доколу посакувате драматичен изглед со впечатливи артистични везови, апликации и орнаменти, еве можност да се инспирирате.

Карен Гилан во барокна тоалета на Марк Џејкобс од пролетната колекција Карен Гилан во барокна тоалета на Марк Џејкобс од пролетната колекција

Заводливата Ли Бингбинг    на роденденот на Џеки Чен во креација на Зухаир Мурад Заводливата Ли Бингбинг на роденденот на Џеки Чен во креација на Зухаир Мурад

Специјалниот изглед на Мирослава Дума со винтиџ барокната нота на Валентино Специјалниот изглед на Мирослава Дума со винтиџ барокната нота на Валентино

Лили Алдриџ во романтична барокна верзија на Марк Џејкобс Лили Алдриџ во романтична барокна верзија на Марк Џејкобс

Ники Хилтон во мини фустан со современи барокно геометриски дезени од Валентино Ники Хилтон во мини фустан со современи барокно геометриски дезени од Валентино

Попи Делевињ на изложба во Лондон облечена во колоритна барокна тоалета на Емилио Пучи Попи Делевињ на изложба во Лондон облечена во колоритна барокна тоалета на Емилио Пучи

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Тренд