Не постои девојка на светот која во плакарот нема барем една бела кошула која ја чува за сите оние пригоди кога не знае што да облече.
Токму ова безвременско парче и сезонава е едно од омилените, токму поради тоа што можете да го комбинирате со што и да посакате.
Во неа секогаш изгледаме и се чувствуваме добро, без оглед на тоа каков е нашиот стил, таа секогаш е парче број еден за секоја девојка.
Ова лето девојките ја носат на плажа, на долгите летни забави, на работа и на било кое друго место.
Без разлика дали ја комбинирате со џинс, со куси панталони, фустанче на тенки прерамки или елегантни панталони, белата кошула е безвременско парче во кое мора да инвестирате.
Ако некогаш ви недостасува инспирација, само погледнете некој од профилите на популарните блогерки на Инстаграм и пронајдете го вашиот фаворит.
Фото и инфо: Modamo.info