Некој што носи различни чевли претходно беше етикетиран по различни основи. Денес пак, ова е еден од модните трендови што сè повеќе се пробиваат.
За тоа е заслужна пред сè модната куќа „Селин“. Комбинациите од нивната последна пролетна колекција вклучуваат токму обувки во различна боја.
Иако на прв поглед ова изгледа како мошне храбар чекор, сепак трендот сè повеќе се наметнува меѓу љубителите на модата.
Освен „Селин“, различни обувки можат да се сретнат и во колекциите на „Москино“ (есен2017), „Миу Миу“, „Калвин Клајн“ (есен 2017)...
За популаризацијата на овој тренд придонесе и блогерката Ами Сонг, која има преку 4.6 милиони следбеници на Инстаграм.
Модните уредници советуваат дека носењето различни обувки не е никаков проблем (без разлика дали се работи за различна боја или принт), сè додека тонот е ист.
Во продолжение ќе погледнете и како оваа модна тенденција се инфилтрираше во уличната мода. Инаку, ниту познатите личности не одолеаја на овој тренд, па Амал Клуни, Наоми Харис, Џејден Смит...
Би носеле ви вие различни обувки?
извор: Popsugar, the fashion spot