Самодовербата на работното место е еден од клучните фактори за деловен успех, а притоа личната сигурност во визуелната појава има големо влијание.
Деловниот дрес код оддамна излезе од бирократското сивило, па затоа современата модна индустрија нуди голем избор на облека соодветна за жените во светот на бизнисот.
Елена Лука со својата нова Бизнис колекција им ги отвора таквите можности на деловните жени кои при градењето на својот деловен имиџ прават успешен пресек помеѓу индивидуалниот стил и почитување на дрес кодот на работното место.
Овој елегантен фустан што суптилно ја следи силуетата на женското тело, може да се трансформира во неколку различни варијанти.
Во предниот дел на фустанот изработен од еластичен памучен материјал, лелеаво паѓа парче од жоржет во црна боја. Токму играта со овој детаљ овозможува неколку различни трансформации на фустанот.
Транспарентното парче во предниот дел може да го пуштите слободно да паѓа со што визуелно се добива лелеава и слободна форма или пак да го префрлите на едната страна.
Уште една предност во овој избор е тоа што, фустанот е соодветен за деловни состаноци при што би можеле да го комбинирате со ниски чевли, а истовремено може да го носите и на коктел забава, но овој пат комбиниран со високи потпетици.