Блејзер во боја за впечатлив изглед
•
19 април 2023
Пролетта не можеме да ја замислиме без блејзер, кое е едно од must have парчињата за сезоната. Најчесто ги одбираме неутралните тонови, заедно со црната, но одвреме навреме добро е да додадеме и малку боја во стајлингот.
Кога сакаме да бидеме забележани, кога приликата едноставно вели "бидете впечатливи" треба да му дадеме простор на блејзерот во боја.
Сосема е доволно само едно парче кое ќе се истакне од целокупниот аутфит, а со оглед на тоа дека блејзерот можеме да го носиме секаде, зошто да не биде токму тој.
Фармерки, здолниште, панталони со различен крој, сандали, чизми или патики... комбинацијата зависи од вашето расположение.
Фото: Pinterest