Цветниот мини фустан што ја одбележа годината

20 декември 2018

Пред крајот на годината, задолжително се потсетуваме на најдобрите парчиња што ги одбележале изминатите 12 месеци и што оставиле најголем впечаток на социјалните мрежи.

Секоја година, постои еден фустан што девојките го обожаваат и што многу често можеме да го видиме на црвениот килим и разните забави во шоу бизнисот.

Овој впечатлив краток фустан со цветен принт дефинитивно е парчето што ја одбележа минатата година, со оглед на тоа што истиот беше обожуван од голем број блогерки кои направија безброј фотографии со истиот.

Ана Дело Русо

Станува збор за фустан од есенската колекција на Ентони Вакарело за Сен Лоран, а на пистата можевме да видиме неколку варијанти од ова парче.

Џорџа Тордини

Благодарение на прекрасниот цветен принт, нагласените рамена, преклопот и карнерите, за многу кратко време овој фустан стана хит на Инстаграм.

Дуа Липа

Го носеа популарната трендсетерка Џорџа Тордини, Ана Дело Русо, Ана Рубик, Кјара Мастројани, Кејт Мос и уште многу други популарни дами, а своето место го најде и во голем број едиторијали за популарни магазини.

Кјара Мастројани

Сметате ли дека овој фустан заслужено е прогласен за најпопуларен за изминатата година?

Објавено:
20 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
381 пати