Дали сте доволно храбри да носите здолниште врз панталони?

14 мај 2014

Дизајнерите на писта ја пласираа идејата односно спојот на здолниште врз панталони уште пред неколку сезони, но некои од уредниците на светските модните списанија и блогерите, ваквите комбинации сега ги ставаат како број еден за оваа пролет. Неодамна овој старо нов тренд на црвениот килим го проба и актерката Ема Вотсон во креација на Диор која навистина импресионираше преку играта на формата и визуелната двофункционалност. Живанши, Валентино, Роксанда Илинчиќ, понудија токму вакви изгледи на писта комбинирани како со здолништа така и со фустани во миди должина.

Гвен Стефани во 1998 и Ема Вотсон на Златни Глобуси во 2014 Гвен Стефани во 1998 и Ема Вотсон на Златни Глобуси во 2014

Доколку поседувате доволно самодоверба за да облечете ваков аутфит, треба да го знаете ова правило,  дека панталоните треба да се совпаднат со некоја од боите во горниот дел или со нијанса од здолништето. Нема да погрешите и доколку направите комбинација од две бои што ќе контрираат една со друга.

 

Уште еден момент на кој треба да обрнете внимание доколку се одлучите да носите ваква комбинација е речиси секогаш да одбирете модел на цигара панталони или хеланки, бидејќи на тој начин нема да изгледате како да носите вреќа на себе, туку напротив да создадете една добро споена структурана форма. Во однос пак на здолништето наша сугестија е да комбинирате такво во А крој или од волуменозните модели.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Тренд