По летните одмори, се враќаме на работа.
Новата деловна сезона со почетокот на есента, ја започнуваме со нови и свежи идеи за деловен изглед, но секогаш оставаме простор за безвременската елеганција.
Оваа естетика интерпретирана во деловниот имиџ, без исклучок подразбира и минималистички комбинации во кои се спојуваат црни и бели базични парчиња.
Овој избор секогаш остава и естетски и етички, коректен впечаток, а истовремено соодветно може да се прилагоди во сечиј деловен стил независно од личните вкусови.
Затоа одлуката често паѓа на елегантни црно-бели комбинации кога е во прашање деловниот изглед.
Но, ако на момент се посомневавте дека овој спој го носи ризикот од монотон и стерилен аутфит, дозволете со неколкуте примери во продоление да ве разубедиме во спротивното.
Фото: Пинтерест