Деловниот стил на Роси Хатингтон Вајтли е вистински моден погодок
•
13 јуни 2023
Роузи Хатингтон Вајтли може слободно да ни држи лекции по деловен стил.
Моделот, 36, која со сопругот Џејсон Статам има ќерка, секогаш изгледа беспрекорно, без разлика за каква прилика станува збор.
Од величенствени вечерни тоалети до кежуал парчиња за дневна прошетка Роузи го има вистинското модно решение.
Кога станува збор за деловен стил, нејзините комбинации се полн погодок. Ја сака белата боја и речиси секогаш е дел од нејзиниот аутфит.
Класичните парчиња на панталони и блејзери се исто така нејзин избор, а најчесто се одлучува за монохроматски спојки.
Фото: Pinterest