Да, конечно и тоа дојде на моден ред! Сѐ почесто низ улиците можеме да видиме девојки кои прават смели комбинации поради кои многу често не носат градници.
Иако многумина велат дека тоа е резултат на високите температури поради кои телото не трпи многу облека, ние дефинитивно велиме дека ова е новиот моден тренд.
Без разлика дали девојките се одлучуваат да носат комбинезони, тесни или широки фустанчиња или пак едноставни куси блузички во комбинација со здолништа, сѐ почесто низ различни краеви од светот можеме да видиме девојки без градници.
Токму овие неколку девојки чии фотографии ќе ги видите во продолжение се предвеснички на овој „стрит стајл“ тренд за кој веруваме дека е тука за да остане подолго време (барем во летните месеци).
Ваквиот „природен“ изглед пак, воопшто не е новина во светот на моделите, кои многу често можеме да ги видиме без градници, како на ревија, така и за време на сосема обичните прошетки низ улиците.
Трендот дефинитивно го започнаа славните девојки како Селена Гомез, Ким Кардашијан, Џенифер Лоренс и секако Ријана, која пред само два дена се прошета низ улиците на Њујорк во сива маичка без градник.
Како вам ви се допаѓа овој тренд? Тотално невкусно или едноставно - нов моден тренд?