Ellery е новиот бренд по кој полудеа трендсетерките!

29 октомври 2015

Брендот „Ellery“ на австралиската дизајнерка Ким Елери ги полуде трендсетерките ширум светот со одличните и сосема поинакви парчиња од севкупната останата понуда на пазарот.

Креативната Ким ги создава можеби најубавите парчиња што сме ги виделе во последно време, а кои се спој на уникатност и неверојатна женственост.

Она по што се познати парчињата на брендот и она поради што девојките најмногу ги сакаат, е ѕвонестиот крој кај повеќето од парчињата што изгледа толку неодоливо и дамски.

Парчињата на Ellery можеме да ги видиме како дел од street style комбинациите на бројни девојки во некои од најголемите модни центри низ светот.

Прекрасната Џоан Смолс е една од обожавателките на парчињата на брендот, која успешно го комбинира ова софистицирано бело здолниште со мрежаста блузичка и бело палто.

Во одличната есенска колекција на брендот повторно доминираат андрогените линии кај парчињата и уникатните кроеви и нежни бои, што ние ги обожаваме!

Објавено:
29 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
694 пати