Ема Вотсон наметна нов тренд: Фустан врз панталони, би носеле ли?

17 јануари 2014

Младата актерка Ема Вотсон го преплави Интернетот со нејзиниот поинаков избор на тоалета за овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“. Многумина го пофалија нејзиниот избор, но имаше и такви на кои не им се допадна.

Оваа година, прекрасната Ема се одлучи за креација на Диор составена од црни класични панталони и црвена долга тоалета одозгора. Истата и прилегаше едноставно прекрасно, а со нејзиниот избор таа ги помести границите на она што значи соодветна комбинација за на црвен килим.

Таа воопшто не се грижеше за негативните коментари кои беа сосема минимални во споредба со позитивните. На својот Твитер профил таа напиша: „Во креацијата се чувствував прекрасно. Многу поинаку, многу пооригинално“.

Ние во целост се согласуваме со неа! Таа навистина внесе неверојатна свежина во океанот од свечени тоалети и на младите актерки им покажа како на вистински начин се носи оригинална и поинаква креација што се издвојува од сите останати.

Ваквите креации на комбинација фустан со панталони заземаа голем дел од пред – есенските колекции на светски познатите дизајнери. Истите не се непознати и за голем број други холивудски миленички кои сакаат да се издвојат од останатите.

Rachel Billson Rachel Billson

Во продолжение, погледнете ги нашите омилени слични креации и одлучете се за некоја слична на вистинскиот повод.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Тренд