Ен Хатавеј прави да се вљубиме во Birkenstock сандалите

18 јули 2022

Доколку бевте во потрага по најудобната комбинација од пантолони и обувки за престојнот период, се чини дека оскаровката Ен Хатавеј го има одговорот кој го барате.

Неодамна актерката беше забележана на снимањето на нејзиниот претстоен филм, „Mother's Instinct", во широки фармерки и металик Birkenstock сандали за едноставен и ефективен изглед.

Фото: Vogue

Ова не е прв пат Ен Хатавеј да ги покаже своите симпатии кон овие две модни парчиња. Во последно време, широката облека и Birkenstock сандалите се константен дел од нејзината гардероба. А со својата едноставност и бесконечна можност да се комбинираат и реинтерпретираат, Birkenstock се честопати есенцијален елемент од градероберите на луѓе кои инаку имаат сосема различни стилови.

Според последниот стајлинг на Ех Хатавеј гледаме дека тие совршено се вклопуваат во секоја сезона, па и во комбинација со есенски парчиња облека, како што се нејзините широки фармерки и крпено палто во сини тонови.

Фото: Vogue

Инспирирани од нејзиниот стил, ние подготвивме галерија со неколку примери за тоа како можете да ги искомбинирате вашите фармерки и рамни Birkenstock и да изгледате одлично.

Фото: Pinterest

Објавено:
18 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
937 пати