Здолништето со висок струк и шлиц е нешто што дефинитивно уживавме да го гледаме на модните писти, а уште посреќни сме што тој тренд конечно стаса и на улиците.
Покрај тоа што ваквото здолниште е неверојатно секси и модерно, истото е одлично и многу лесно парче за комбинирање.
Зависно од пригодата, ваквото здолниште секогаш изгледа неверојатно елегантно и шик кога за вечерните излегувања ќе го комбинирате со шармантна кошулка и високи потпетици.
Од друга страна пак, во оние моменти кога истото ќе посакате да го носите за вашите дневни прошетки и седенки со пријателките, комбинирајте го со едноставна маичка и ниски сандали или пак овие месеци, со чизмички до глужд.
За каква комбинација и да се одлучите, ние сме сигурни дека ќе бидете супер впечатливи! Нашата омилена комбинација за оваа есен е дефинитивно црно здолниште, бела куса маичка комбинирани со рокерска јакна и чизмички од истиот калибар!