Есенски твид комплет од Манго

8 октомври 2019

Оваа есен модните блогерки имаат нова опсесија од Манго.

Се работи за комплет од сако и мини здолниште изработени од твид во кафена нијанса.

И двете парчиња се лесно компатибилни со остатокот од сезонскиот гардеробер и токму затоа веќе си ја најдоа својата примена во есенскиот стил на познатите модни блогерки.

На нивните Инстаграм профили може да го видите овој комплет комбиниран со црна ролка, обична бела маичка или кошула, надополнети со златен накит и чизми или елегантни високи потпетици.

Ви посочуваме неколку идеи како може да го комбинирате.

 

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
756 пати