Флуидноста на модата честопати со себе носи и реинкарнација на трендови кои биле во мода пред неколку децении. Оваа година сме сведоци на трендови од 80-тите, 90-тите и раните 2000-ти години кои не само што се враќаат комплетно, туку и ги инспирираат новите.
А кога зборуваме за инспиративни модни фигури од 2000-те, кои со своето влијание претставувале силна инспирација за повеќе генерации, не можеме да не ја споменеме Кери Бредшо, култниот лик од серијата „Сексот и градит", која денес веќе ужива статус на модна икона и класика.
Сара Џесика Паркер го отелотвори ликот на популарна колумнистка Бредшо, чиј разигран, енергичен и елегантен стил создаден од стилистката Патриша Филд и надополнет со совршени модни додатоци и накит, стана еден вид „карактер" самиот по себе.
Бидејки стилот на Кери Бредшо никогаш не претставувал роб на моменталните трендови, напротив, бил пример за стилски комбинирани класични силуети и модни парчиња, денес со сигурност можеме да забележиме дека некои од култните изгледи на ликот стануваат дел од денешната мода, вклучително и трендовите кои не очекуваат оваа есен.
Такви примери се предимензионирани блејзери, долги мантили, женски костуми, свилени марами, впечатлив накит, шарени комбинации, вештачки крзна...Ова се само дел од највпечатливите модни парчиња на Бредшо кои ќе ја обележат претстојната сезона, а ние сме толку возбудени за тоа што создадовме инспиративна галерија од најдобрите есенски комбинации на Кери Бредшо.
Фото: Pinterest