Веројатно и вие ќе се согласите дека на светот нема ништо поудобно од стилски еспадрили во кои би можеле да го поминеме целиот ден.

Доколку преку ден постојано сте во движење, тогаш ова се обувките кои мора да ги набавите уште денес.

Она поради што девојките ги обожаваат е фактот дека можете да ги комбинирате буквално со сè, почнувајќи од фармерки, елегантни панталони, па сè до здолништа и лежерни фустанчиња.

Голем дел од познатите модни куќи и оваа година лансираа разни модели на еспадрили, а се чини дека сè уште најпопуларни се оние од Шанел, иако дизајнерите од Клое создадоа модели во кои девојките веднаш се заљубија.

Ако сте од оние пак кои сакаат да носат потпетици, изборот е голем, можете да ги најдете во разни бои, украсени, едноставни, плетени и какви уште не.

Оваа година, познатата дизајнерка Изабел Марант создаде модел кој го привлече сето внимание на социјалните мрежи, а станува збор за еспадрили во нежна розова боја со врвки и отворена пета.

Во галеријата погледнете ги најпопуларните модели за сезонава и одберете го вашиот фаворит!

Извор и фото: Buro 24/7, Instagram

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.968 пати