Доколку деновиве имате малку повеќе време, би било супер да погледнете во плакарот на вашата мајка која можеби сѐ уште ги чува популарните Levi Strauss & Co. фармерки кои сезонава се апсолутен хит!
Ако овој модел беше ултра модерен пред многу години, оваа сезона популарноста на истиот е поголема од било кога, а за тоа сведочи и огромната продажба на овој класичен модел кој се чини секогаш ќе биде стилски.
Веќе неколку сезони наназад девојките обожуваат фармерки со висок струк, но оваа есен дојде моделот по кој сите полудеа.
Според извештајот кој неодамна го објави Wall Street Journal, компанијата Levi Strauss & Co. го зголемила својот профит за неверојатни 69 проценти во последните неколку месеци благодарение токму на овој модел.
Она што ги прави моделите на овој бренд едни од најпосакуваните е нивната издржливост и неуништливост.
Од 1853 – тата година кога брендот е основан, фармерките на Levi’s добија неколку промени во пределот на џебовите, патентите, делови кај кроењето, но сепак, класичниот модел остана онаков како што сите го паметиме.
Со оглед на тоа дека девојките сезонава обожуваат ретро парчиња, се чини дека го имаме победникот кога станува збор за фармерки кои мора да ги имате во вашата колекција!