Флорални фустани за романтичарки
•
12 јули 2016
Макси цветните фустани што ја носат бохо естетиката на 70-тите години се најбараното парче сезонава, како во луксузните така и кај „high street" брендовите.
Затоа неслучајно австралискиот бренд Zimmerman создаде ексклузивна мини колекција од романтични, флорални фустани, единствено достапни на онлајн продавницата Net-a-porter.
Оваа колекција е креирана по повод успешната 10-годишна соработка помеѓу брендот и онлајн платформата, а е идеална за романтични девојки кои го обожуваат флоралниот принт.
Фустаните се изработени од свила и жоржет, а потоа се обработени со деликатна тантела. Покрај макси фустаните, колекцијата има и неколку кратки и едноставни фустани, комбинезони и секако неизбежните костими за капење.