Модата е флуидна и брзо се менува, но одредени модни парчиња ги преживуваат сите тестови на времето.
Фустаните се вбројуваат во оние задолжителни парчиња облека, соодветни за секоја сезона и пригода. Тие се едноставни, лесни, впечатливи и независни парчиња облека, доволни самите по себе да заокружат целосен аутфит во кој веднаш ќе изгледаме дотерани.
Фото: Pinterest
А фустаните со точки пак важат за бесмртна класика која никогаш не излегува од мода. Тие беа особено во тренд ова лето, а сведоци сме дека тие се тука да останат и во текот на оваа есен и да ја збогатат сезоната со дополнителна игривост и елеганција
Имено, фустанот со точки има долга историја, а започнал активно да се користи околу 1700 година, бидејќи тогаш за прв пат станало возможно да се произведат идентични точки по должината на ткаенината.
Фото: Pinterest
Овој дизајн за брзо време го освои светот и е поврзан со полка танцот од таа ера, од каде и потекнува називот на „полка" точките. Во текот на 1950-тите, сите познати имиња, почнувајќи од Мерлин Монро, па сè до Елизабет Тејлор, биле вљубени во овој живописен модел на фустан, а модните дизајнери почнаа да го користат дезенот со точки во нивните ревии. До 1954 година, најпродаваната верзија на познатиот New Look на Кристијан Диор беше со точки.
Фото: Pinterest
Хуберт де Живанши го лансираше својот фустан со точки следната година, додека пак за Каролина Херера, дизајнот со точки стана толку значаен дел од нејзината работа во 1980-тите и 1990-тите, што кога го лансираше својот прв парфем во 1988 година, тој пристигна во кутија со точки.
Фото: Pinterest
Популарноста на овој дизајн не е намалена до ден-денес. Кога зборуваме за комбинирање на фустани со точки, тие се идеални за сите прилики. Можете да ги носите со чевли на високи потпетици и со тоа да постигнете гламурозна и впечатлива комбинација. Покрај тоа, тие се идеален избор за дневни излегувања кога сакаме да се дотераме ненаметливо и да се чувствуваме удобно. Фустаните со точки се парче со кое не можете да погрешите.
Погледнете неколку примери за тоа како да го носите.
Фото: Pinterest