Деловниот изглед бара рационални, но истовремено елегантни модни решенија. Постои еден заеднички одговор на ваквиот предизвик: фустан.
Со едно парче добивате комплетна комбинација, женствено е и елегантно, а притоа и соодветно може да го комбинирате со другите базични парчиња од деловниот плакар.
Затоа, фустанот е чест избор на деловните дами, а како се наближува пролетната сезона, изборот на нови модели станува се попривлечен.
Покрај едноставните и класични кроеви и неутралната палета, оваа сезона деловните модели на фустани се разиграни со впечатливи ретро и флорални принтови, а кроевите варираат од лелеави до такви на преклоп.
Ова мултифункционално парче секогаш може да го имате предвид и кога после работа имате договорено кафе со пријателите, а нека ви биде при рака и во случај кога наутро се брзате и немате идеја што друго да облечете. Фустанот е секогаш сигурен избор.
Неколкку супер шик модели на фустани, соодветни за деловни комбинации, издвојуваме во продолжение.
Фото: Пинтерест