Изгледа дека на жените им здодеаа тренерки, пижамите и гардеробата за по дома, да фокусот го насочија кон онаа љубов која остана подзаборавена од пандемијата - фустаните!
Вообичаено во овој период од годината, ќе биравме фустани за предновогодишни, новогодишни, божиќни, роденденски забави, честитки и слично, бидејќи секој повод е добар за да се купи нов фустан, зар не?! Меѓутоа глобалната ситуација си го направи своето.
Но, изгледа дека предвесникот на некои поубави времиња во кои ќе си купуваме фустани е токму фустанот со име Laila на американскиот бренд Cult Gaia.
View this post on Instagram
Од седиште во Лос Анџелес, пред само неколку дена, известија дека гореспоменатиот фустан бил целосно распродаден за само еден час.
Станува збор за фустан од вискоза, делумно проѕирен ребрест и мини во светло корална боја, со копчиња од вистински камен од горе до долу.
Цената на фустанот, како што е наведено на официјалниот сајт на брендот е 13.500 денари, а дури и да ги подготвивте за плаќање, фустанот има листа на чекање.
Со самиот факт дека е целосно распродаден за толку кратко време, треба да очекуваме дека ќе го преплави Инстаграм, особено ако некој од high street брендовите реши да го понуди по релативно пониска цена.