Секоја сезона носи некој карактеристичен моден белег по кој останува запаметена. Тоа може да биде духот на одредена декада која преовладува низ трендовите, боја, детаљ или некое инвентивно модно парче.
Актуелната сезона есен-зима е во знакот на романтичните и елегантни фустани од кадифе. Уште минатата сезона, светските модни куќи, го имплементираа во своите колекции и го издвоија овој материјал како носечка тенденција чија актуелност продолжува и годинава.
Овој тип на фустани се застапени во различни кроеви и должини: мини со силуета што ја следи линијата на телото, во асиметрични кроеви, макси фустани на прерамки, како и такви на преклоп со шлиц.
Ги комбинираме со високи или чизми до глужд, со макси капути или кратки кожени јакни.
Инспирирајте се од комбинациите актуелни во уличната мода.
Фото извор: Пинтерест