Ги сакаме сите карирани капути за оваа есен!

14 септември 2017

Две актуелни тенденции имплементирани во едно парче облека: предимензионирани карирани капути и палта.

Присутни се речиси секоја сезона, во модифицирани и осовремени дизајни, во поинакви кроеви, комбинирани во различни аутфити.

Сега ќе ги носиме со миди и макси должина, во широк крој, со колан што ќе ни го нагласи струкот.
Ќе ги комбинираме и со тесен џинс и со мини здолниште, за на работа, факултет или вечерно дружење – сите опции се отворени затоа што се работи за универзално парче кое лесно се адаптира на сечиј стил.

Издвоивме дел од актуелната понуда на „high street" брендовите:

 

Објавено:
14 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.731 пати