Инспирирани од летниот стил на Оливија Палермо: Кога диктираш, а не следиш трендови

1 август 2023

Ветеран меѓу модните блогерки и една од оние со најплодна кариера, Оливија Палермо сите овие години наназад успева да ни го задржи вниманието благодарение на атрактивниот имиџ и животен стил.

Таа во реалната смисла на зборот е трендсетер, односно ја ужива привилегијата и авторитетот во модниот свет, да ги диктира, а не да ги следи тенденциите.

Ова лето на нејзиниот Инстаграм профил е навистина забавно.

Многу боја, текстури, разиграност во слоеви, еклектика, смели и нескојдневни споеви.

Токму затоа е инспиративна и секогаш со задоволство ги „разлистуваме" содржините на нејзиниот блог.

За мотивација како на ова лето да му дадете шарм во боја, погледнете ги нејзините летни комбинации.

Објавено:
1 август 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
898 пати