•
2 ноември 2022
Ако сте љубители на топлите земјени нијанси, минималистичка естетика и едноставна елеганција, Инстаграм профилот @lglora е вистинската дестинација за модна инспирација.
Французинката Лаура која стои зад овој профил, успева преку секојдневни есенски комбинации да ги сплоти францускиот шик и безвременската едноставност.
Секоја комбинација на која ќе наидете, е микс на базични парчиња облека хармонично споени во трендовски есенски аутфити, па голема е веројатноста тука да пронајдете некое од омилените парчиња присутни во вашиот плакар.
Плетива во комбинација со еко кожа, предимензионирани блејзери и џинс, елегантни дводелни одела, бели кошули и класични мантили – и една постојана стилска игра помеѓу сите нив.