По улогата на Силвана Арменулиќ во „Тома", името на српската актерка Тамара Драгичевиќ стана препознатливо и популарно во целиот регион, иако таа и претходно ѝ беше позната на филмската публика.
Секогаш атрактивна за јавноста, Тамара важи и за една од најдобро облечените актерки на Балканот, која покажува сериозна модна зрелост и во јавниот и во приватниот живот.
Соработките со познати модни куќи и дизајнери, особено српски, се честа практика кога нејзиниот имиџ е во прашање.
Впрочем, тоа му дава дополнителна слоевитост на нејзиниот пред сѐ, женствен и романтичен изглед.
А токму во таков стилски правец е и нејзиното пролетно, модно расположение, кое може да се забележи преку фотографиите што ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.
Фустани во минималистичка естетика, во кроеви што ја дефинираат женската силуета, еднобојни, но и такви со ситни флорални принтови, што го интерпретираат бохо духот на 70-те, се можеби највпечатливите парчиња во кои таа и дава моден контекст на оваа пролет.
Покрај фустаните и оделата се карактеристични за нејзиниот имиџ, а оваа пролет Тамара носи такви во лежерни кроеви, интензивни бои и смели принтови.
Неколку интересни модни предлози по мерка на Тамара Драгичевиќ, разгледајте подолу.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram