Испратете порака со вашата облека

18 ноември 2014

Во зависност од стилот кој го негувате, сигурно знаете дека  испраќате порака преку вашата облека. Без разлика дали станува збор за класичен, лежерен, кежуал или бохо стил, одберете парчиња со кои ќе оставите впечаток. Моментално, актуелни се оние што на себе имаат испринтано апликација или само напис. Со тоа ќе ставите акцент на вашиот изглед и токму таквата креација, ќе ве направи уникатни во однос на останатите луѓе.

Кај нас овој тренд го потврди колекцијата на Стефанија Насеска за есен/зима 2014 година, со наслов „Азбука“. На модната писта продефилираа модели со парчиња кои на себе имаа натписи како „Ти си мојата азбука“ и „Ти си мојата кирилица“,  со цел да докаже дека како дизајнерите, така и сите уметници пред да започнат со работа, треба прво да се стекнат со одредено знаење, односно да започнат како првачињата од буквата А. Во продолжение, ќе ви презентираме здолништа, фустани, блузи, маици и јакни, кои на одреден начин ќе бидат амбасадори за вашиот изглед. Погледнете во галеријата и инспирирајте се!

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Тренд